Оваа прекрасна и слободна сабота за која се надеваме дека ќе биде сончева, одберете џинс комбинација која секогаш е полн погодок. Денеска носиме искинати фармерки и ги комбинираме со слатка блузичка на пруги и интересна широка тексас јакна. Бидејќи веруваме дека времето и денеска ќе биде супер, одберете старки за кои едвај чекавме да почне пролетната сезона. Комбинацијата надополнете ја со оваа чантичка со интересен принт, стилски очила за сонце и нежна шминка.

 

Објавено:
2 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
729 пати