Утрово се разбудивме со навистина прекрасно сонце, а тоа значи дека можеме да ги облечеме сите парчиња на кои чекавме долго време. Денеска не двоумете се и одберете ги омилените панталони со точки и комбинирајте ги со оваа нежна блузичка на пруги. Бидејќи температурите денеска се навистина супер, комбинацијата надополнете ја со оваа шик кожена јакна и интересни чевлички со врвки. Што се однесува до модните додатоци, денеска не заборавајте ги очилата за сонце и секако, впечатливата чанта! 

Објавено:
2 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
515 пати