Утрово се разбудивме со супер температури и конечно можеме да се дотераме онака како што сакаме. Носиме панталони килоти во крем нијанса и ги комбинираме со најубавата маичка што сме ја виделе ова лето. Истата е во кафена нијанса со црни везови низ неа и совршено се соединува со елегантните панталони. Денеска комбинацијата ја крунисуваме со високи потпетици во nude нијанса и чанта во слична боја. Бидејќи се чини дека сонцето наскоро ќе излезе, не заборавајте ги и очилата за сонце.

Уживајте овој четврток!

Објавено:
7 јули 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
562 пати