Манекенките позираа со своите деца за Vogue
•
18 јули 2013
На локации во Бруклин, Њујорк, фотографот Бу Џорџ и стилистката Табита Симонс снимија серија на фотографии во кои главни улоги имаат познатите манекенки и нивните деца. Во едиторијалот „Добар ден Бруклин“, објавен во августовскиот број на американски Vogue, учествуваат Џордан Дан, Анџела Линдвал, Саша Пивоварова, Лили Олдриџ, како и неколку писателки и уметници. Еве ги фотографиите.