Саманта Камерун е најдобро облечената жена за 2015 година, според познатиот магазин Vanity Fair. Таа е сопруга на британскиот премиер Дејвид Камерун, а нејзините стилски комбинации ѝ помогнаа да се најде на врвот на оваа листа.
Од Vanity Fair нејзиниот стил го опишуваат како „конзервативно шармантен“, а тој шарм успеа да ги остави Тејлор Свифт, Амал Клуни и уште многу други познати дами подолу на листата.
Инаку, госпоѓата Камерон е креативен директор во компанијата Smythson за кожена стока, според магазинот е една од најдобрите амбасадори на британската мода.
Таа според магазинот одлично ги комбинира дизајнерите како Ердем и Филип Лим, со high street брендовите како Зара.
На „машката“ листа, на првото место се најде актерот Бил Нај, а меѓу најдобро облечените мажи за оваа година се најде и принцот Хари, кој последен пат се најде на оваа листа во 2012 година.
Интернационалната листа на најдобро облечени на Vanity Fair, содржи повеќе категории – за мажи, жени, најдобрите од Холивуд и двојки.
Така, меѓу најдобро облечените во Холивуд се најдоа Сиена Милер, Шарлиз Терон, Еди Редмејн и Ема Вотсон.
Актерот Бенедикт Камбербач и неговата сопруга Софи Хантер се прогласени за најстилска двојка. Викторија Бекам се најде на врвот во категоријата „Originals“, наменета за модните бунтовници.