Освен тоа што се многу популарни, нивните цени дикрираат кој се може да си ги дозволи, а тоа се добро ситуираните или богати луѓе кои можат да го купат тој ексклузивитет. Имињата на овие скапи брендови им се добро познати на сите, а она што е заедничко за нив кај луѓето, е тоа што не се лесно достапни за длабочината на џебот. Од еден популарен американски моден магазин направиле интересно истражување во кое класифицирале од 1 до 10 кои се најскапи брендови за 2013 година.
1.Гучи
Познатиот италијански моден бренд по се изгледа е најскапиот во светот. Облеката што ја дизајнираат е наменета за мажи и жени и се смета дека Гучи имаат најлуксузни и модерни парчиња.
2.Шанел
Ова е бренд што најчесто го носат познатите и богатите. Секогаш со препознатлива линија, Шанел е популарен кај помладата богата генерација.
3.Прада
Брендот е познат по своите аутлети ширум светот и е подостапен од останатите брендови. Освен преку парчињата облека Прада е позната и по скапите парфеми.
4.Армани
Италијанскиот бренд за мажи, жени и деца спаѓа меѓу најскапите, а едни од најчестите клиенти расположени да платат добра сума се повторно славните личнисти.
5.Марк Џејкобс
И креациите на дизајнерот Џејкобс се сместени во категоријата на скапи парчиња. Освен облеката висока цена имаат и неговите чанти и чевли.
6.Диор
Популарни насекаде низ светот, Диор се познати како гламурозни, елегантни и престижни. Козметичката линија производи исто така претставува престиж за некои луѓе додека за други само секојденевие.
7.Гес
Американскиот бренд според истражувањата ја има 7-та позиција. Гес започна со продажба во маркети низ Америка и оттогаш нивната облека има успешна експанзија во модниот свет.
8.Фенди
Своите почетоци ги имаат во 1925 година како модна куќа на Едуардо и Адел Фенди, кои се најпознати по чантата „Baguette“ која до ден денес има голама побарувачка.
9.Версаче
Оваа италијанска модна куќа е формирана од Џани Версаче во 1978 година. Денес, добро позната на сите, поседува луксузна облека, аксесоари и шминка.
10.Валентин
Овој креативен и модерен дизајн прави секоја жена да се заљуби. Нивниот приоритет е да бидат што подостапни за обожавателите ширум светот.