Љубовна тетоважа наместо прстен

11 август 2015

Веруваме дека веќе знаете дека од неодамна во светот вистински хит се тетоважите наместо венчалните прстени, а ова лето тие доживеаја нова преобразба.

Бехати Принсло и Адам Левин се чини го почнаа овој тренд кога за нивната венчавка, наместо прстен одлучија да стават тренди тетоважи со три мали точки на прстите.

Кога подобро ќе размислите, идејата за заедничка љубовна тетоважа е всушност многу слатка, сѐ додека истата е минимална и симболизира нешто што навистина ѝ значи на двојката.

Ваквите тетоважи ја претставуваат силната врска во која младите си ветуваат дека ќе веруваат до крајот на животот.

Покрај тоа што овие заеднички љубовни тетоважи се навистина шик, тие се и многу поевтини од прстените од кои полека се откажуваат голем број од двојките.

Запомнете, доколку се одлучите да ја направите, истата нека биде навистина минимална и на место за кое никогаш нема да зажалите што сте ја направиле, секако во надеж дека ќе бидете заедно целиот живот.

И да, доколку помисливте дека заедничка тетоважа е нешто слично на заеднички профил на Фејбук, воопшто не е! А дополнителна предност е тоа што голема е веројатноста вашиот вереник повеќе да сака тетоважи, отоколку бурми.

 

Во проолжение во галеријата, погледнете неколку фотографии од заеднички тетоважи на двојки ширум светот и инспирирајте се за вашата!

Објавено:
11 август 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.176 пати