Колекцијата пролет-лето на Памела Роланд е инспирирана од нејзиното патување во Токио. Кимоното е во центарот на вниманието, чистите линии и минималистичката елеганција.

Пастелните бои доминираат, во комбинација со по некој цветен дезен. Памела посебно внимание обрнала на материјалите. Тантелата која потсетува на пајажина и washi хартија (стил на хартија развиен во Јапонија), како и металик органзата, која е рачно боена, при што е добиена шара како онаа што ја имаат рибите „Кои“.

Половината кај повеќето креации е истакната со украсени јажиња, што во себе има елементи од традиционалната јапонска техника mizuhiki.

Од едноставни парчиња за секојдневен изглед, до вечерни креации, Памела Роланд се потрудила да задоволи повеќе целни групи.

Шоуто завршува со венчаница со „исечени“ ракави.

Објавено:
18 август 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.069 пати