24 часа со Иванка Трамп

19 август 2015

Таа е ќерка на Доналд Трамп, нејзиното име е доволно звучно не само во деловниот свет, туку и на шоу-биз сцената. И покрај тоа што често е на удар на јавноста поради бројните пластични операции, од кои велат станува зависна, сепак на Иванка Трамп ретко кој може да ѝ пријде.

Во продолжение прочитајте како изгледа нејзиното секојдневие:

6 часот – Најчесто се будам околу шест часот. Но, посакувам да не се будев толку рано, затоа што немам доволно часови квалитетен сон. Понекогаш и покрај тоа што не можам да си дозволам, го продолжувам алармот за некоја минута.

7 часот – Како програмирани, за среќа, моите деца се будат во седум. Најчесто се точни во минута, а во тој половина час, од 6.30 до 7, се трудам да се средам и да се истуширам. Се подготвувам за работа, медитирам 15 минути и читам весници. Некогаш наутро знам и да вежбам. Распоредот е понекогаш и премногу набиен, па затоа продолжувањето на алармот не е добра идеја.  Го земам Џозеф од неговата соба и одиме во собата на Арабела. Секое утро се будиме со куклена претстава. Џозеф е секогаш последен во редот кукли, а таа потоа сака да го облече нејзиниот принцеза-фустан. Откако ќе го облече костимот, појадуваме заедно. Помеѓу седум и осум часот, Џаред, децата и јас поминуваме време заедно, се дружиме.

8.30 часот – Мојата и работата на Џаред се многу бликсу до местото каде што живееме, па практикуваме до канцеларија да пешачиме. Ме испраќа до Trump Tower, па потоа продолжува до неговата, која се наоѓа три блока подолу, на Петтата Авенија. До 8.30 сум веќе во мојата канцеларија. Моите браќа, татко ми и јас, сме секогаш првите луѓе што доаѓаат во фирмата. Во зависност од курсот на денот, со мојот татко се гледам околу 10 до 15 пати дневно, во неговата канцеларија, а го придружувам и на состаноци. Тој е на 26-от кат, а јас и моите браќа сме еден кат подолу. Ретко кога седнуваме да се видиме. Ако ни текне некоја идеја, чатуваме за тоа. Инаку, кога сум во канцеларија, сакам директно да се соочувам со обврските.

12.30 часот - На неделно ниво имам и договорен ручек со Арабела. Таа доаѓа до мојата канцеларија. Јас тоа го нарекувам „наш состанок“. Дали е позната во мојата канцеларија?  И тоа како! Мисли дека се наоѓа  на писта. Одлично ги познава и канцелариите околу мојата, па знае точно каде да отиде за да ја почестат или за да земе играчки, боички... Точно знае каде се скриени сите забавни предмети. Потоа заедно одиме до Trump Grill. Инаку, се храни мошне здраво, и се трудам да бидам строга по тоа прашање. Сака риба, па затоа ѝ нарачувам лосос и зелечук, а за десерт сака најчесто „розов сладолед“, како што сама го нарекува, а сите го знаеме како сладолед од јагоди. Јас го нарачувам истото што и таа. Често носам и мали игри со мене. Една од работите што сакаме да ги правиме, што звучи забавно е: подни планови. Носам скици и боички, и ѝ давам да ги бои. Таа зема црна боја и ми покажува каде е креветот, па потоа го бои креветот. За дете кое нема развиено свест за птичија перспектива, одлично се снаоѓа – знае каде се креветите, бањата...

13.15 часот – После ручекот, Арабела оди дома, а јас одам до мојот салон за чевли во Trump Tower. Таму знам да поминам многу време, особено кога се запознавам со бајерите од другите трговски центри и слично, или кога е во тек дизајнерскиот процес и прегледот на прототипот. Конкретно денес, имам девет закажани состаноци, па тоа е она што ќе го правам денес во голема мера. Поради напорниот ден, се трудам да пијам многу течности. Најчесто пијам само вода, чај или кафе. Во канцеларија се шегуваат со мене, па дури и се кладат, дека никогаш не испивам помалку од три чаши вода.

17 часот – Одговарам на повици и го „чистам“ инбоксот пред да излезам од канцеларија. Најважен ми е периодот од 17.30 до 19.30 часот, кога треба да пристигнам дома. Ако патувам, тогаш одам со многу рани летови, за да можам да се вратам пред да ми заспијат децата. На пример, ќе станам во 3.40 за да летам за Мајами во 6 часот. Слетувам во 8.40 часот и го поминувам денот таму. Потоа се враќам во 16 часот и до 18 часот сум дома. Потоа почнувам со рутината околу заспивањето на Џозеф. Околу 18.15 часот му чита, го храна и потоа го ставам во кревет. Потоа си играм со Арабела, која ноќна птица. Да е до неа, ќе се разбуди уште во 21.30 часот. Неверојатно, но многу сака да гради. Секогаш со коцките ја гради Trump Tower. И неа ѝ читам и ѝ пеам. Последните неколку месеци е голем фан на Edelweiss. Секогаш ја прашувам која песна сака да ѝ ја отпеам и таа од прва вели: Edelweiss, добро а која е следната  - и повторно Edelweiss.

20 часот – Џеред и јас многу малку сме навечер дома – често имаме вечери кои се поврзани со бизнис или вечери со нашите пријатели. Ако сум дома, тогаш ги јадам остатоците од јадењето на Арабела. Сакам кога излегувам со мојот сопруг, како на состанок. Макар еднаш во неделата имаме вечера, само тој и јас. Неодамна бевме до Вилијамсбург, еден од нашите омилени   ресторани во Антика Песа, едно од нашите омилени места во Италија. Најчесто излегуваме во сабота навечер, бидејќи секој петок се собираме фамилијарно. Во викендите се трудиме на секој оброк да сме сите заедно. Навистина се трудам да немам фиксни распореди за викенд, туку да правиме нешто спонтано, нешто што го сакаме. На пример, Џаред и јас шетаме околу населбата, ги гледаме имотите што тој ги поседува и оние што јас ги поседувам, но тоа е забавно. Во сабота одиме и на голф, играме тенис, или се забавуваме, трчаме со децата. Во неделите тој знае да оди и во теретана.

22 часот – Немам некоја долга рутина кога е негата на лицето во прашање, но имам постојана. И штом ќе влезам дома, ја правам. Го мијам лицето, ја отстранувам шминката. Ставам хидратантна крема и лосион. Сакам да испробувам нови работа. Моментално користам органски производи. Всушност, кога ќе дојдам дома, ги проверувам мејловите, го правам тоа околу три часа и навистина е досадно!  Најчесто работам на лаптоп или мобилниот и очајнички чекам во инбокс да видам 0, пред да заспијам. Спијам помирно кога знам дека сè ми е подготвено за следниот ден. Исто така, пред да си легнам, секогаш бирам што ќе носам утре. Тоа ми ги олеснува работите наутро. Шик, женствен фустан, лесен за носење и за повеќе пригоди е речиси моја униформа.

1.00 часот – Спалната соба ми е тивка и ведра. Постелнината е неутрална, свежа и чиста. Си легнувам околу 00.30 – 1.00 часот. Најчесто, кога не можам да се успијам, тогаш читам или гледам епизода на The Real Housewives. Секогаш имам неколку книги покрај креветот, кои сум почнала да ги читам. Исто така имам чај и бокал вода. Кој заспива прв? Јас. Секогаш.

Објавено:
19 август 2015
Категорија: 
Стории
Прочитано:
3.946 пати
Извор: 
Harper's Bazaar