Кога ќе се спојат Џони Деп и Диор...
•
20 август 2015
Пред неколку месеци беше најавена соработката помеѓу еден од најоригиналните актери Џони Деп и луксузниот бренд Диор кој го ангажираше како заштитно лице за парфемот Sauvage.
Деновиве пак имаме можност да го видиме резултатот од соработката: одлични фотографии направени во пустина, каде акцентот е ставен на неодоливиот сексапил на актерот.
Познатиот „нос" во светот на парфемите, Франсоа Домаши го креираше новиот машки парфем на Диор базиран на дрвенести тонови, a суровата убавина на пустината и Деп се реплика на мистичните мирисни ноти на Sauvage.
Инаку, ова е премиерно појавување на актерот во кампања од ваков калибар, за разлика од искуството на Диор кој постојано ангажира маркантни, познати ликови во своите кампањи.