Леандра Медин ги дизајнираше најфраерските јакни за оваа есен

21 август 2015

Неодамна пишувавме за прекрасната блогерка Леандра Медин која не е голем обожавател на шминка, а денеска ви пренесуваме нова, супер информација од неа.

Имено, таа одлучи нејзината креативност да ја преточи во одлични дизајнерски балонери кои се како создадени за претстојната есен, а кои сосема нормално, сама одлучи да ги рекламира.

Таа е една од најголемите обожавателки на американскиот бренд за кожени јакни This is Veda, а љубовта кон нив ја докажа преку заедничка соработка.

Леандра заедно со тимот на брендот, создаде кул јакнички во темно сина и војничко зелена боја кои се супер за есенските денови.

Леандра ги израдува и сите девојки кои сакаат посветли нијанси, па така направи и долг мантил во крем боја со црвени детали.

„Понекогаш, потребно е да го пронајдете вистинското парче што ќе го освежи вашиот плакар и ќе направи комбинациите повторно да бидат свежи“, изјави Леандра за нејзината мини колекција.

Таа додава и дека овие јакни се едни од парчињата што секоја девојка треба да ги има во својот плакар и кои ќе ѝ бидат вистински потребни оваа есен.  

Објавено:
21 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.246 пати