Црно – бел понеделник
•
24 август 2015
Овој понеделник започнете го во црно – бела комбинација составена од кусо фустанче со интересен принт. Комбинирајте го со црни сандали со ремчиња и ранче со реси. Задолжителни за денеска се очилата за сонце во интересна форма и сребрените алки како супер дополнување на комбинацијата.
Имајте прекрасна и исполнета недела!