Антонио Бандерас е новиот студент на моден дизајн на Сент Мартинс
•
31 август 2015
Антонио Бандерас е една од холивудските ѕвезди кои сакаат да бидат дел од модната индустрија, но за разлика од другите кои најдоа дизајнери само да им го залепат името на маичка или капа, Бандерас е сериозен во својата намера.
55 годишниот актер е веќе две недели присутен како официјален студент на престижната школа Сент Мартинс и како што самиот ќе изјави на сопствениот профил на инстаграм: Возбудливо,интензивно и забавно во исто време.
ПР-от на Сент Мартинс изјави дека Бандерас ги совладува основите на дизајнот почнувајќи од скицирање и основи на мода.
Можеби нема да е како Викторија Бекам или сестрите Олсен, но како што неодамна изјави за едно британско тв шоу ,неговата желба е да ги следи своите соништа .