Нејмар ќе биде заштитно лице на Police за 2015 година

1 ноември 2014

Втора година по ред, познатиот бразилски фудбалер ја претставува новата колекција очила за сонце, продолжувајќи ја серијата успешни соработки на култни имиња кои исто така беа амбасадори на Police, како што се Антонио Бандерас, Брус Вилис, Дејвид Бекам и Џорџ Клуни. Нејмар за кратко време успеа да се етаблира во модните кругови, а неговиот фудбалски талент, скромност и смисла за хумор, го прават идеален пример за сите генерации.„Големо е задоволството повторно да соработувам со Police. Ми се допадна текот на снимањето на кампањата, особено сцените со мотор, кои одлично се вклопија со облеката и очилата за сонце“ – изјави Нејмар.

Новата кампања „Police Eyewear“ ја сними еден од најбараните фотографи во светот Ранкин, кој е познат по правењето на интимни портрети на славните личности. За потребите на кампањата беше ангажирана Даниела де Хесус, една од најдобрите манекенки на денешницата. Новата колекција очила за сонце се спој на урбаниот став и различни форми на рамки, кои се микс на тренедовите од минатото и сегашноста, комплетирани во уникатни модели.

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци