Адриана Лима во колоритна кампања за Vogue Eyewear

10 февруари 2015

Брендот Vogue Eyewear ја претстави новата кампања за пролет/лето 2015 година во која може да видиме три прекрасни модели меѓу кои и Адриана Лима, индиската актерка Дипика Падуконе и кинеската актерка Лиу Ши – Ши.

Овие три дами кои се познати по нивниот стил, гламурот и ѕвездената репутација ја красат новата рекламна кампања на брендот за нивните нови модели на очила за сонце.

Адриана Лима за прв пат се појавува во кампања за Vogue Eyewear, додека Дипика Падуконе и Лиу Ши – Ши веќе беа дел од нивната кампања во 2013 – та година.

Како што соопштија од тимот, секоја девојка сама ги одбрала очилата што ги носи во рекламата, па така секој чифт совршено го опишува и нивниот приватен стил.

„Адриана Лима ја отелотворува суштината на жената која носи Vogue Eyewear. Таа е забавна, кокетна и едноставно ја обожува модата“, изјавија од брендот. Тие посочија и дека со ангажирањето на овие три прекрасни дами сакале да ја истакнат важноста која брендот им ја придава на сите жени ширум светот.

Кампањата со Адриана Лима е снимена во некои од најпознатите летувалишта во Бразил, целосно во тропски дух и тотално колоритна.

Погледнете го и одличното видео од атмосферата на снимањето на кампањата за Vogue очилата.

Објавено:
10 февруари 2015
Категорија: 
Модни додатоци