Имате 25 000 долари?
Само толку ќе ви бидат потребни да се сретнете со Ана Винтур и сето тоа поради една причина, парите кои ќе ги дадете ќе бидат искористени за хуманитарни цели.
Кога ќе ги уплатите парите освен што ќе се запознаете со Ана Винтур, ви следува и прошетка низ канцелариите на Вог кои се наоѓаат во Светскитот трговски центар на Менхетн и тоа за време на модната недела.
Секако Винтур не е единствената награда, покрај средбата со неа добивате и облека од Вера Ванг, чанта од Мајкл Корс, потпишано издание на Вог од Серена Вилијамс како и карти за едно шоу на модната недела.
Можеби најинтересната работа во сето ова е дека оној кој ќе плати ќе може да биде присутен на една од фотосесиите.
Оваа хуманитарна акција се реализира преку Американската тениска асоцијација кои имаат мото преку тенисот и едукацијата да се смени начинот на живот. Не е тајна, Ана Винтур е голем обожавател на сестрите Вилијамс, Федерер, Марија Шарапова, Крис Еверт кои патем и беа на насловните страни на Вог .
Имате 25000 долари ?Изборот е Ваш!