Првиот ден од работната недела започна со пониски температури што нѝ овозможија да си го облечеме омиленото палто комбинирано со уште поомилените парчиња. Го носиме ИТ здолништето на сезонава во крем нијанса и го комбинираме со шик бела кошула со црна панделка во горниот дел. Комбинацијата надополнете ја со лакирани црни чевли со врвки и чанта во повеќе нијанси со реси. Усните денеска се прекрасно црвени, а трепките повпечатливи од кога и да е!

Објавено:
28 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.508 пати