Џими Чу започна со празничното расположение. Всушност, се работи за нова cruise колекција на дизајнерот, која би требало да нè асоцира на лето и тропски дестинации.

Но, Чу одлучи новата колекција на чевли и чанти да ја промовира во празничен, зимски дух. Снегот, кристалите и доминацијата на сребрената боја асоцираат токму на претстојните празници.

Инаку, новата cruise колекција на дизајнерот вклучува чизми со крзно, неодоливи чанти и секси обувки на високи потпетици.

Ѕвездите на кампањата се Ондрија Хардин и Катја Риабинкин, а за фотографиите е задолжен Стивен Клајн.

Покрај фотографиите, достапно е и видео, кое ви го презентираме во продолжение:

Објавено:
2 ноември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
406 пати