BAFE: Конкурс за дизајнерите од регионот

2 ноември 2015

Модната организација BAFE го распиша регионалниот конкурс за млади модни дизајнери. Конкурсот ќе биде отворен до 20-ти ноември 2015 година, а наменет е за креативците од 18 до 35 години и тоа од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Србија и секако, Македонија.

Избраните дизајнери ќе добијат шанса да ја претстават својата дизајнерска работа на „Balkan Art Fashion Event“ во Белград, која ќе се одржи во декември и тоа по седми пат.

Евгенија Зафировска

Пријавата треба да содржи CV на авторот и скици од модните колекции или фотографии од реализираните парчиња во JPG или PDF формат. Апликациите на сите заинтересирани млади дизајнери да се доставуваат на: bafeevent@gmail.com, со назнака „За конкурс 2015“.

Александра Јовановска

Главната цел на BAFE  е промоција на модата на регионалната модна сцена, како и да направат можност за младите таленти да се претстават пред стручната и поширока јавност. Во изминативе шест години се претставија преку 100 дизајнери од сите држави од окружението, а Александра Јовановска, Евгенија Зафировска се само дел Македонците што се најдоа пред белградската публика.

Објавено:
2 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
494 пати