Кание Вест подготвува унисекс колекција

23 јули 2013

Раперот и ново печениот татко Кание Вест на голема врата ја подготвува новата унисекс колекција за пролет-лето 2014 година.

 

Во создавањето на својата колекција Вест од голема помош ја има новата соработка со уметничкиот директор Никола Формичети. Освен овие првични официјални информации, медиумите веќе почнаа да ја развиваат приказната со тоа дека невенчаната жена на Кание, Ким Кардашијан ќе биде онаа што најмногу ќе ја носи и популаризира колекцијата.

Објавено:
23 јули 2013
Категорија: 
Актуел