Една од најценетите модни уреднички во модниот бизнис Карин Ројфелд во моментов го има ангажманот на глобален моден директор за сите 26 интернационални изданија на познатото списание Harper’s Bazaar. Откако пред две години ја напушти функцијата на главен уредник на париски Vogue, ингениозната Карин го лансираше својот магазин CR Fashion Book и продолжи да работи како стилист на одредени модни ревии и кампањи. Следниов моден едиторијал објавен во мартовските броеви на Harper’s Bazaar, е првата задача на Карин откако беше назначена за моден директор на магазинот. Таа е стилистот, фотографиите се на Каспер Каспржик, темата е манекенските лица и дизајнерите кои ќе бидат хит за сезоната пролет-лето 2013. На фотографиите познати модели како Џоан Смолс, Стефани Сејмур, Лара Стоун, Саскија де Брау носат креации на Живанши, Луј Витон, Баленсијага, Диор, Шанел. Том Форд, Селин, Азедин Алаја...