Во само 90 секунди, омилениот бренд Картие, по кој знае кој пат докажува дека „дијамантите се најдобри пријатели на девојките“, овој пат во нивната магична божиќна реклама.
Кампањата на луксузната куќа Картие ќе ве освои уште во првиот момент благодарение на нивните неодоливи и скапоцени дијамантски парчиња накит што во истата ја красат прекрасната манекенка и пејачка Карен Елсон.
Рекламата почнува кога таа ќе ја отвори прекрасната црвена кутија од брендот во која се крие неверојатен дијамантски прстен, по што се отвора гламурозниот свет за каков пееше Мерилин Монро уште во 50 – тите.
Токму нејзиниот лик послужи како инспирација за божиќната реклама на Картие, во која покрај што Карен се појави како главен лик, таа и ја отпеа легендарната „Diamonds Are a Girl's Best Friend“.