Fashionel селектира: фаворити помеѓу зимските аксесоари

1 декември 2015

Совршен начин инстантно да го освежите вашиот изглед сезонава, е да направите комбинација со впечатливи зимски аксесоари.

Оваа зима имаме голем избор на фаворити помеѓу сезонските модни додатоци, почнувајќи од широките ремени околу струк, масивните ѓердани во геометриски форми, долгите плетени шалови па се до крзнените капи, шешири и украсни венчиња.

Особено омилени ни се плетените капи украсени со везови или пак колоритни камења, што му даваат шик нота на спортскиот изглед.

Не се ограничувајте околу спојот на различни стилски правци, па направете уникатна комбинација на удобни и топли модни додатоци со елегантен аутфит или женствен фустан. 

P.s Ова може да ви послужи и како инспирација за комплетирање на вашиот празничен изглед.

 

 

 

Објавено:
1 декември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
799 пати