Ако ви значи Денот на вљубените и сакате посебно да го обележите, тогаш бидете посебни во секој аспект, па и во однос на изборот на вашиот стајлинг.
Тоа во никој случај не треба да значи да се облечете во црвено од глава до пети или да се „маскирате“ во Св.Валентин маскота, туку едноставно да одберете парче облека кое ќе испрати некоја пријатна порака до вашиот партнер или за вас ќе има некое убаво значење или ќе ви пробуди пријатни спомени.
Во последните колекции на македонските дизајнери, независно која беше нивната инспиративна тема, можеше да се најде по некоен романтично парче кое би било идеално токму за Денот на вљубените.
Некои комбинираа еко крзно со нежна свила, други и дадоа романтична нота на спортската облека, а некои од домашните дизајнери пак креираа елегантни палта во А форма со нагласена половина. Од модните додатоци ни се чини омилени се дамските шешири и крзнените капи, а во однос на накитот преовладуваат рачните часовници или масивните гердани.
Во продолжение можеби ќе го најдете вашиот фаворит.