Четврток во зелено
•
10 декември 2015
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во удобна и истовремено елегантна комбинација составена од тесни зелени панталони и џемперче во црно – зелени пруги. Комбинацијата ја надополнуваме со шик црн капут до колена и едноставни чизми во иста нијанса. Носиме мини чантичка со крзнен моден додаток како најпосакуван сезонава, а сосема на крај минимална шминка и насмевка на лицето!