Ралф Лорен ќе придонесе за реставрација на Националната школа за ликовни уметности во Париз

23 јули 2013

Американскиот моден дизајнер и еден од најбогатите луѓе во светот, Ралф Лорен ќе одржи свое модно шоу во историската Национална школа за ликовни уметности во Париз со што ќе го означи стартот на двегодишната мултимилионска кампања за реставрација на објектот.

Во септемви, вообичаено тој ќе ја презентира својата колекција за сезоната пролет-лето 2014 во Њујорк, а следниот месец на 8-ми oктомври се враќа во Париз каде покрај модната ревија на својата зимска колекција, ќе одржи и гала вечера во автентичниот амбиент на школата.

Лорен е голем фан на Париз каде е лоцирана најголемата продавница на брендот во Европа и ресторанот Ралф, додека Националната школа за ликовни уметности е едно од најзначајните културни обележја на градот со историја од 300 години и познато во мапата на модниот свет, но за негово понатамошно успешно функционирање потребна е клучна реставрација и модернизација.

Објавено:
23 јули 2013
Категорија: 
Актуел