Ралф Лорен приреди модна ревија и гала вечера во чест на својата посветеност во работа за амфитеатарот во Париз „Beaux-Arts“
„Јас отсекогаш сум верувал дека со зачувување и реставрација на местата кои зрачат со историја и култура, зачувуваме дел од нашето постоење и битисување како луѓе кои спојуваат времиња, епохи и моменти. „Beaux-Arts“ во Париз е токму такво место кое заслужува да го врати и одржи античкиот сјај на својот простор. Затоа решив да им помогнам на сите уметници, студенти, креативни луѓе за да го спасиме амбиентот на овој амфитеатар, така што ќе бидам дел од луѓето кои ќе го финансираат реставрирањето на „Ecole des Beaux-Arts“,(Училиште за применети уметности).
Со цел да се прослави оваа соработка, Ралф Лорен, организираше своја модна ревија во просторот околу училиштето. Ревијата ја претстави колекцијата есен-зима 2013/14, придружена со ексклузивна гала вечера на која присуствуваа важни претставници од светот на модата, пријатели на дизајнерот и други познати личности: