Фото: Елена Ристеска го промовираше новиот албум „Без шминка“

29 декември 2015

Македонската поп дива Елена Ристеска вчеравечер во просториите на клубот „Станица 26“ го промовираше својот трет албум „Без шминка“.

На албумот се најдоа вкупно 13 композиции меѓу кои и омилените на публиката „Сакам по добро да те памтам“, „А можевме“ и некои други песни како омилени на обожавателите.

Елена изгледаше одлично во црн транспарентен фустан, уредно собрана коса во репче и секогаш беспрекорна шминка.

Промоцијата таа ја отвори со насловната „Без шминка“ во придружба на нејзиниот бенд „Троја“, а потоа вечерта продолжи со уште неколку одлични композиции.

На сцената, на многу емотивен начин таа им се заблагодари на нејзините родители и сестрата, а целиот албум посочи дека го посветува на нејзината најголема радост, внуката Делфина.

Промоцијата на албумот ја збогатија и голем број лица од јавниот живот, меѓу кои и нејзините колеги и соработници Тамара Тодевска, Каролина Гочева, ДНК, Дарко Димитров, Дадар, Принц, Весна Петрушевска и многу други.

Погледнете дел од атмосферата на промоцијата на новиот албум „Без шминка“ на Елена Ристеска.

Објавено:
29 декември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.214 пати