Секси plus-size кампања со Ешли Грахам
•
11 јануари 2016
Еден од најпознатите plus-size модели, Ешли Грахам ја лансираше својата нова линија долна облека La Scala во соработка со брендот специјализиран за plus-size облека Addition Elle.
Како што веќе и навикнавме да ја гледаме, Ешли полна со самодоверба изгледа неверојатно привлечно и секси во новата кампања која е фотографирана во луксузен амбиент на приватен џет, а ја опкружуваат исто толку сексапилни господа во одела.
Новата линија долна облека ќе биде лансирана во февруари и веќе погодувате дека пред се е наменета за празникот на вљубените.
Пријатни материјали комбинирани со луксузна тантела и доминантни црна и розова боја се носечките императиви на новата линија.