Популарниот „V израз“ во сите комбинации

12 февруари 2016

Ако длабокото V деколте првично ве асоцира на женствените вечерни фустани, тогаш ви препорачуваме да ги прелистате Инстаграм профилите на познатите современи икони на стилот.

Така ќе се инспирирате, како познатиот V израз да го комбинирате во бројни, различни варијанти, вклучително и за такви за преку ден и соодветни за вашето работно место.

Широките блузи со V отвор одлично се комбинираат со класични кошули, а фустаните на прерамки со тантела во V израз може да ги носите под топол, плетен џемпер. Овие тренди парчиња исто така одлично се спаруваат со популарните масивни ѓердани или ланчињата со синџири.

Доза инспирација во продолжение:

Објавено:
12 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.306 пати