Прва „plus size“ колекција на Рејчел Рој
•
24 февруари 2016
Американската дизајнерка Рејчел Рој ја креираше својата прва „plus size" колекција насловена „Rachel Roy Curvy ", а е наменета за претстојната сезона пролет-лето 2016 година.
Линијата е веќе достапна во продажба во продавниците на Macy's, а цените на парчињата се движат од 55 до 179 долари.
Изборот на облека е голем почнувајќи од лесни фустани до џинс парчиња и спортски маички.
За промотивната кампања, Рој го ангажираше познатиот „plus size" модел Кендис Хафајн.