Лагерфелд моден проповедник во четиричасовен документарец
•
27 јули 2013
Модата како религија е новиот германски документарен филм во кој уметничкиот директор на Шанел и Фенди ќе ја одигра улогата на моден проповедник.
Филмот се базира на буквална споредба помеѓу модата и религијата, каде Карл Лагерфелд е моден пандан на религиски свештеник, моделите се олицетворение на ангелите, а модните магазини се светите библии.
За потребите на филмот, секојдневниот живот на дизајнерот 16 месеци бил следен од објкетивот на камерата, а во меѓувреме се направени интервјуа со Клаудија Шифер, Линда Еванфелиста, Сара Џесика паркер, Дајан Кругер и други значајни имиња во модниот свет.