Продолжува снимањето на документарецот за модната уредничка Карин Ројтфилд, насловен „Госпоѓица К“

7 септември 2013

Со лансирањето на трејлерот за новиот документарец за Карин Ројтфилд, насловен „Госпоѓица К“, чија премиера треба да ја има на 11 септември, неодамна се огласи и режисерот на филмот, Фабиен Констант, кој откри детали за тоа што може да очекуваме од  самиот филм и како е да се снима со поранешната главната уредничка на едно од највлијателните списанија во парискиот Вог. Еве што вели тој во краткото интервју:

 

Постерот за филмот

 

На прашањето кој бил најизненадувачки момент за време на снимањето, Фабиан ја издвојува посветеноста кон работата на самата Карин. Колку таа самата се инволвирала во проектот и колку била едноставна и покрај фактот што има работено со најголемите имиња не само во модната индустрија туку и пошироко и  важи за една од најмаркантните фигури во светот на модата.

-Таа е постојано зафатена, секогаш работи, па дури и премногу, но има и неколку асистенти кои и помагаат, вели режисерот.

Неговата омилена работа околу снимањето е што добил  прилика да застане зад кулисите на модната сцена.

-Модата ја раскажува својата приказна и преку само една фотографија, тоа е голем предизвик  за целиот тим, раскажува Фабиен. Тој исто така го издвојува моментот кога Карин ја објаснува нејзината улога на моден уредник, што се треба да прави, кои се нејзините обврски, нејзината работа во списанието, сите овие процеси се опишани и имаат свое место во филмот.

На прашањето дали овој документарен филм е наменет само за модната фела, Фабиен вели:

-Тој е поврзан со модата и ја обработува модата. Некои луѓе можеби нема да разберат што е моден уредник, тоа е филм за една жена која се наоѓа на врвот на модната индустрија. Исто така додава дека на поединци нема многу работи да им бидат јасни, околу животот и работата на оваа дива која за американците е моден уредник, а Французите ја доживуваат како стилист, ама остава на човечката фантазија, секој сам да си ја протолкува приказната.

 

Сара Џесика Паркер, Карл Лагерфелд и Карин Ројтфилд

 

Тој потоа зборува и за односите и близината  на ѕвездите кои се појавуваат во филмот:

-Многу свесно во филмот вклучивме ѕвезди како Карл Лагерфелд, Сара Џесика Паркер и Кание Вест. Кога снимаш по 12, а некогаш и 14 часа дневно логично е да формираш близок однос или релација со одредена личност. Така и Карин, не само што приватно одржува близок контакт со претходно спомнатите ѕвезди туку и за време на сетот, најкомотно се чувствуваше со нив, заклучи режисерот.

Исто така Констант зборува и за влијанието кое го има Карин во модниот свет. Вели дека е неверојатно блиска пријателка на дизајнерот Том Форд, кој исто така се појавува во филмот.

Возбудата како кај режисерот така и кај целиот тим е видно забележителна. Сите го со нетрпение го чекаме 11 септември кога маските ќе паднат, а многу модни тајни ќе го доживеат светлото на денот.

 

 

Објавено:
7 септември 2013
Категорија: 
Сцена