Излезе трејлерот на долго очекуваниот филм насловен Мадмоазел „К“, кој се однесува на животот на модната уредничка на француски Vogue Карин Ројтфилд. Освен малата печатна грешка со кое е напишано името на големиот Армани како што потенцираше Оскар, за која се надева дека за премиерата на филмот закажана за 10 септември ќе биде корегирана, може слободно да се констатира дека ова ќе биде ремек дело. Филмот е под режисерска палка на Фабиен Констант, а апсолутна ѕвезда и водечка улога има Карин Ројфилд, која по заминувањето од работното место уредник на француски Vogue, реши да раскаже повеќе модни приказни и пикантерии, започнувајќи првенствено од својата.
„Сметам дека секогаш можете да се надминете себе сù и убедена сум дека поседувам таква енергија која ми овозможува да го пронајдам она што е од исконско и суштинско значење“, изјави Ројфилд.
Во филмот почесно место имаат еминентни имиња од светот на модата и уметноста како Карл Лагерфелд, Рикардо Тиши, Том Форд, Сара Џесика Паркер, Мајкл Корс, Кејт Аптон и Албер Елбаз. Која е нивната улога никој не знае, ќе мора уште малку да ја потиснеме љубопитноста и да почекаме до септември за да ја видиме целата приказна . Во продолжение погледнете го видеото: