Зошто машките и женските кошули се закопчуваат различно

27 јули 2013

Можеби сте се запрашале зошто закопчувањето кај машката облека е различно со она кај жените, и тоа не само кај кошулите, туку и кај џемперите, капутите...

Кога е женската облека во прашање, копчињата се од левата страна, додека кај машката се од десната страна. Некои мислат дека тоа се должи на стилскиот момент, додека други сметаат дека се работи за тоа да можат машките од женските парчиња да се разликуваат. Сепак, вистинската причина има историска заднина.

Во минатото поголемиот број од луѓето биле десничари, па така копчињата биле шиени на десната страна на парчињата облека, а со тоа и кошулите, поради практичноста и комотноста. Но, ова се однесувало само за машката облека, затоа што пред се, мажите сами се облекувале. Од друга страна, кај жените копчињата се шиеле на левата страна, затоа што на дамите најчесто им помагале мајките, сестрите или негувателките при облекувањето, а на нив им било позгодно копчињата да се на спортивната страна.

Иако во денешно време, жените немаат потреба некој да им помага при ритуалот на облекување, сепак овој обичај е задржан.

Објавено:
27 јули 2013
Категорија: 
Направи сам