Постојат неколку причини за појавата на темни кругови околу очите. Според дерматологот Ребека Бакст, генетиката игра главна улога во промената на бојата околу очите. Имено, таа ја наведува хиперпигментацијата како една од причините. Според, дерматологот Хајди Валдорф, стареењето исто така е мошне влијателен фактор за создавање на подочници околу очите. Според неа, кај некои луѓе особено со бледа кожа, оваа појава е најмногу истакната. Алергиите се исто така голем виновник, како и честото триење на очите, кое резултира со задебелување и со затемнување на делот околу очите.
Eве неколку превентивни совети кои можеби ќе направат целосно да ги изгубите темните кругови околу очите или барем малку да ги ублажите и скриете.
Прво и најважно е сонот. Треба да бидете убаво наспaни и одморни, за да немате подочници. Помалку конзумирање на алкохол и сол особено во летните денови, така што очите нема да ви бидат подуени, а и круговите ќе исчезнат. Користете капки за очи и хидратантни креми со кои ќе го мачкате делот околу очите, така секогаш ќе изгледате свежо. Засолжително носете очила за сонце, кои ќе ги штитат вашите очи од ултравиолетовите зраци и ќе го намалат проблемот со создавање на подочници. Одете на лекар, применувајте ги советите кои ќе ви даде за да се заштитите и целосно ослободите од темните кругови.
Ако треба инстантно да ги скриете подочниците околу очите можете во секое време да се потпрете на декоративната козметика. Постојат козметички производи кои имаат функција да ги покријат флеките, подочниците и темните кругови. Коректорите се идеални за такви ситуации. Ги има во неколку нијанси но најдобро е да користите еден тон посветол од онаа нијанса на пудрата која ја користите. Најдобар начин за да нанесете коректор е да користите специјална четка која помага за целосно и совршено нанесување на коректорот околу делот кој сакате да го покриете. Друга варијанта за да се ослободите од подочниците е да се подлегнете на хирушка интервенција, со вбризгување на хијалуронска киселина околу очите. Таа не само што ќе ги ублажи борите, туку и ќе ве ослободи од темните кругови. Ова се само неколку решенија кои ќе направат да се ослободите или во краен случај да ги намалите подочниците. Кој е вистинскиот за вас, одлучете се сами, ние само ви даваме насоки и ви го олеснуваме изборот.