Првиот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од неколку супер парчиња. Ги носиме нашите омилени boyfriend фармерки и ги комбинираме со неодолива бохо кошулка. „Зачинете“ ја комбинацијата со бомбер јакна во зелена нијанса и модерни чизмички до глужд, а секако и чанта што одлично ќе се усогласи со комбинацијата. И денеска сме фанови на нежната шминка, па носиме светли тонови и секако, накит во златни нијанси.

Објавено:
28 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
489 пати