Безвременските модни илустрации на René Gruau

27 јули 2013

Меѓу модните илустратори ретко кој може да се спореди со René Gruau и со неговата атрактивна дваесетгодишна кариера која траеше до 2004 година, кога големиот уметник почина. Целиот  дводецениски период тој не престана да размислува за мода и преку едноставни непрекинати линии да ја илустрира преку неговата омилена црно, бела, црвена комбинација.

Gruau е познат како генијален уметник кој ја илустриташе женската убавина или неговата фасцинација од модата или комбинацијата од двете. Во неговите илустрации во преден план некогаш се фокусшра жената, но не ретко акцентот го става и на модата.

Роден е во Италија во 1909 година и носи мешана италијанско-француска крв. Кулминацијата во неговата кариера ја достигнува по Втората светска војна кога ќе почне да работи за најбрилијантните  модни дизајнери како Диор и Живанши.

Карактеристичен елемент во неговото цртање е употребата на полната непрекината линија. Тоа е техника која се карактеризира со прикажување на форма-лице или тело со една непрекината линија.

Уште еден интересен момент во креативноста на Gruau е тоа што неговата палета на бои обично ја редуцира на црна, црвена и бела. Со нив тој ги нагласува усните на жените и им дава мистичен изглед.

Големиот илустратор сликал реклами за Мулен Руж, а неговото животно творештво ја инспирирал и колекцијата на мантили на Џон Галијано за Диор за 2011 година.

Иако ерата на цртање со четка и бои во адвертајзинг бизнисот полека се повлекува, сепак модниот свет никогаш нема да ја заборави елеганцијата на илустрациите на René Gruau.

 

Објавено:
27 јули 2013
Категорија: 
Портфолио