Летна колекција на H & M инспирирана од Калифорнија

13 април 2016

Еден од омилените high street брендови H & M конечно ја лансираше новата колекција која е послатка од кога и да е!

Лежерноста на сурферската култура, опуштеноста и кул ставот од калифорниските плажи ги инспирираа дизајнерите да ги внесат позитивните вибрации во секое едно од парчињата во колекцијата.

За топлите месеци што доаѓаат, H & M нѝ предлага лесни парчиња во кои ќе уживаме во текот на целиот ден, а истовремено се и тренди и ултра посакувани.

Дел од нивната колекција се куси панталончиња од џинс кои воедно се сметаат и за вистински класик ова лето, потоа лесни кошули за високите температури, удобни памучни фустанчиња, маички со интересни натписи и куси фустани со принт.

Без разлика кое парче ќе го одберете од оваа колекција, бидете сигурни дека тие ќе бидат вашите најверни сојузници во текот на долгото топло лето!

Објавено:
13 април 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.410 пати