Прва самостојна ревија на Александра Дојчиновиќ

15 април 2016

По цели девет години работа и постоење на хрватската модна сцена, дизајнерката Александра Дојчиновиќ вчеравечер ја имаше првата самостојна ревија на која ја претстави колекцијата есен/зима.

Како што Александра ќе каже, ревијата целосно ја продуцирала таа самата со помош на нејзиниот тим соработници.

Целата ревија и вечерта беа посветени на сите жени успешни во различни бизнис сфери, но истата имаше и хуманитарен карактер, односно беше посветена на акцијата „Чекор во животот“.

На ревијата се појавија некои од најголемите хрватски трендсетерки меѓу кои и нејзините обожавателки како Северина, Ива Балабан, Јудита Франковиќ, Петра Куртела и многу други.

Сосема во нејзин стил, дизајнерката претстави романтични фустани во пастелни бои, направени од тантела и други прекрасни материјали, но и стилски колор блок капути и неодоливи кошулки комбинирани со здолништа со висок струк.

Во продолжение погледнете ги сите модели од новата колекција на талентираната Александра.

Извор: journal.hr.

Објавено:
15 април 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
716 пати