Моника Белучи: Ако сум убава, не сум глупава

20 април 2016

Многумина ја опишуваат како совршенство на земјата. За нејзината убавина и стил многупати сме пишувале, но во интервјуто што во продолжение ќе можете да го прочитате, Моника Белучи зборува колку убавината ѝ помогнала во животот, за стереотипите, за тоа дали сè уште треба да се докажува...

Добивате ли повеќе улоги и работа затоа што се убави?

-Знам дека убавината буди извесна љубпитност. Но, Оскар Вајлд кажал, убавината трае само пет минути, ако после тоа нема ништо друго што ќе ја задржи љубопитноста. Не мислам дека ќе ја имав истата карира ако бев само убава. Режисерите не ви се јавуваат поради убавината, туку поради талентот.

Моника Белучи за Vanity Fair во 2012

Ви бил ли изгледот некогаш и пречка?

-Да, секако, особено бидејќи доаѓам од модната индустрија. Тоа беше двоен проблем. Модата и убавината се најлошиот спој за да направите кариера во актерството. Поради тоа што сум убава, сите мислеа дека сум глупава. Тоа е како маска што морате да ја скршите, за да покажете дека има и нешто друго зад неа. Мора да покажете кои сте, за другите да посакаат да ве откријат.

фото: Ралф Вениг

Тоа ли е причината поради која често бирате екстремни улоги?

-Можеби да.

Се чувствувате ли дека сè уште треба да се докажувате?

-На другите не, но на себеси да.

Навистина?

-Секако. Морам да истражувам. Ако некој дојде со идеја или нешто што подразбира и ризик, ќе го прифатам, секако доколку сум заинтересирана. Сакам филмови што отвораат многу дискусии. Од моето искуство, секој од филмовите што сум го снимила, креираат ситуација од ваков тип, како Irreversible, The Passion of  Christ, Malena… Сакам да ја истражувам темната страна на човештвото. Затоа и сум актер.

Моника за магазинот „Esquire Mexico“, октомври 2015

Од време на време, ги гледате ли овие филмови повторно?

-Не. Никогаш не можам да гледам филм два пати. Или, можеби можам да го гледам после многу години, како што беше случајот и со „Malena“. Беше забавно да се гледа повторно. Ми требаат многу години за да можам повторно да погледнам филм во кој сум глумела, бидејќи е многу тешко да се биде објективен. А и досадно ми е да се гледам самата.

Сте дискутирале ли со Винсет за работата и филмовите?

-Не, ништо од тоа. Винсет и јас сме два различни света. Јас не ги познавам неговите пријатели, а ни тој моите. Не гледаме исти луѓе. Немаме ист живот. Така беше отсекогаш. Понекогаш тој ќе дојдеше од неговиот свет и јас од мојот и ќе се најдевме. Но, ние сме две различни животни.

2016

Разбираат ли вашите ќерки што работите?

-Не. Еднаш постарата ќерка ми кажа: „Мамо, јас сакам да бидам како тебе. Не сакам да работам. Сакам само да бидам мајка и кога ќе пораснам, ќерка ми ќе оди на работа“. Ова е совршено, бидејќи таа мисли дека јас не работам. Вели: „Животот е убав, секогаш сме во хотели и куќи, супер е“. Среќна сум поради тоа, бидејќи тоа значи дека постојано сум со нив.

Сака ли некоја од нив еден ден да биде актерка како Вас?

-Се надевам не.Моника Белучи со ќерките и пријателка, 2015

Зошто?

-Затоа што тоа е специфична работа, но ако ми каже дека тоа го сака, нема да се противам. Сметам дека е убаво да се има страст за нешто во животот. Ако нејзината биде актерството, тогаш нека го прави тоа. Но, навистина, тоа е тешка работа. Убава – но, тешка. Ќе мора да се справува со многу работи. Многу е подобра опцијата кога почнувате да се занимавате со оваа работа, без да имате веќе познати родители во истиот бизнис. Таткото на Винсет е актер и нему не му беше лесно да го пронајде својот идентитет.

Беше ли тоа случај и во Вашето семејство?

-Доаѓам од сосема различно семејство, па е полесно. Но, кога доаѓате од семејство каде сите се актери, споредбите се нормално нешто што другите ќе го прават, но на вас ќе ви биде многу тешко. 

Објавено:
20 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.859 пати