Château de la Colle Noirе – колевката на Диор парфемите

13 мај 2016

Колевката на парфемот, Грас во Франција, и фасцинантната област Прованс, се блиску поврзани со богатата историја на популарниот француски бренд, Диор.

Уште во далечната 1950-та година модната легенда Кристијан Диор, кој инаку бил одличен познавач на цвеќињата, го купил „Château de la Colle Noire", со цел да одмара таму. Всушност се криело нешто повеќе зад оваа намера, тој го купил замокот за да одгледува најразлични цвеќиња на имотот од околу 50 хектари за да допринесе во производството на Диор парфемите.


Но за жал овој имот е продаден набрзо по смртта на основачот во 1957-та година. Многу години подоцна, раководството на компанијата Диор го оживеало сонот на основачот и го купило повторно замокот во 2013-та година. Имотот од тогаш е во фаза на реновирање се до денес, кога менаџментот на компанијата Диор одлучил својата парфемска дивизија тотално да ја премести токму на овој имот на југот на Франција и на некој начин ова место каде што се родени едни од најпопуларните парфеми на Диор како Мис Диор, се претворило во музеј, како почит кон славниот дизајнер. Своевремено познатиот дизајнер рекол: „Мис Диор е овде родена, во топлите провансалски вечери, каде младите камени пејат мелодија, а јасминот разговара со земјата."

Прочитајте повеќе > ТУКА

Објавено:
13 мај 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
241 пати
Тагови: 
Elena Luka Home Dior
Извор: 
Elena Luka Home