Чанти што ви ги препорачува Кристијан Лубутан

30 јули 2013

Модната колекција на чанти на дизајнерот Кристијан Лубутан за сезоната пролет-лето 2013 е составена од слатко смислена тематика за чанти оваа сезона кои се сметаат за исконски благослов на жената. Вистинска свежина од нијанси на жолтата, розовата, портокаловата, црната и црвената како и експлозија на неонските бои и металните луксузни тонови се најжешките точки на оваа сезонска колекција. Лубутан за ова лето наметнува чанти на рамо, плик чантички и торби кои се елегантни, забавни, интересни и исполнителни во однос на топлата ведрина

Модниот дизајн кој го нуди дизајнерот Лубутан е во центарот на вниманието на стилската миленичка. Движејќи се од храбри тонови до нежни мотиви, новата серија на чанти се магично примамливи за широката публика. Имресијата е искреирана со вкрстување на мноштво различни модни елементи. Се нуди цела палета на доминантни модели и нивни алтернативи така што сите едноставни и комплексни вкусови ќе бидат задоволени. Постои цел избор на елегантни и свечени чанти кои го дополнуваат чувството на модерна и софистицирана дама.

Објавено:
30 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци