Кралот на чевлите, дизајнерот Кристијан Лубутан, реши новата колекција чевли и чанти да им биде посветена на сите мажи кои негуваат стил на спортска – елеганција. Креаторот во официјалното соопштение до медиумите вели дека во создавањето на колекцијата за сезоната пролет – лето 2015 година се води првенствено од динамичното секојдневие на мажите. Затоа дизајнот на чевлите е пред сè практичен и удобен, без премногу експериментирање во однос на боите и формите. Токму практичноста и удобноста е и новото мото на модната куќа која најавува и други изненадувања, особено за дамите. Истото важи и за чантите, односно ранците за кои дизајнерот вели дека се исклучително функционални.

 

Објавено:
29 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци