Погледнете ја најфутуристичката елка

11 декември 2014
Традиционално секоја година во пресрет на најлудата ноќ во годината и божиќните празници луѓето понесени од претпразничната еуфорија ширум светот во семејна атмосфера го декорираат својот дом и ја украсуваат својата новогодишна елка.
Музејот Викторија и Алберт во Лондон традиционално секоја година го декорира својот простор и ја украсува новогодишната елка. Оваа година честа да подготви интересна празнична инсталација ја имаше британскиот моден дизајнер Герет Пу.
Неколку негови креации се веќе дел од музејската поставка насловена „Wedding dress 1775 – 2014“, така што не е првпат дизајнерот да соработува со одговорните вo познатиот музеј. Посетителите ќе останат без здив кога на самиот влез  ќе ги пречека новогодишната елка, која е целосно изработена од огледала со позлатен ефект, а формите се во триаголен облик. Споени сите заедно формираат прозрачна, централна пирамида, која е всушност новогодишната елка.
„Се надевам дека мојата инсталација ќе ги исполни очекувањата на посетителите на музејот во овој временски период од месец дена. Новогодишната елка – пирамида ќе биде отстранета на шести јануари, така што препорачувам секој кој е во можност да ја види. Можеби кај дел од луѓето ќе ја разгори магичната атмосфера која со себе ја носат претстојните празници“, вели во официјалното соопштение за медиумите британскиот дизајнер, Герет Пу.
Објавено:
11 декември 2014
Категорија: 
Култура