Среда во прекрасни зелени нијанси
•
1 јуни 2016
Иако најсреќниот ден од неделата не го дочекавме со сонце, тоа не значи дека не треба да уживаме во колоритна и весела комбинација. Денеска носиме широки boyfriend фармерки и ги комбинираме со оваа нежна кошулка од тантела. Бидејќи фармерките се широки, ќе биде одлично доколку ги комбинирате со високи потпетици, а за секој случај со себе понесете си и пролетна јакничка. Чантата е во слична нијанса како и јакната, а моделите на истите се едни од најпосакуваните сезонава.