Денеска е најсреќниот ден од неделата, па да го прославиме тоа со оваа нежна розова комбинација составена од неколку кул парчиња. Носиме широки фармерки и ги комбинираме со розова кошулка со карнер во долниот дел. Бидејќи денеска се чини дека конечно ќе имаме убаво време, комбинацијата надополнете ја со тексас јакна со интересен натпис во задниот дел. Чевлите се едни од омилените сезонава и тоа во розова боја со црвени срциња, а чантата плетена и уникатна.

Имајте среќна среда! 

Објавено:
15 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
551 пати