Стилски двобој: Линдзи Лохан или Кортни Кардашијан?
•
15 јуни 2016
Во денешниот стилски двобој се две најдобри другарки – Линдзи Лохан и Кортни Кардашијан.
Минатата недела тие беа видени на неколку настани низ Лондон, а вниманието на модните медиуми го привлече колоритната креација на Елизабета Франчи од колекцијата за есен-зима 2016.
Фустанот со реси првин го носеше Кортни Кардашијан, за следниот ден да го носи Линдзи и тоа на отворање на ресторан.
Всушност, на настанот беа присутни и двете. Линдзи во споменатата креација, а Кортни во црн фустан.
Кога е креацијата на Франчи во прашање, и Кортни и Линдзи се одлучија да ја искомбинираат со сандали во златна нијанса и со собрана коса.
На која подобро ѝ стои?