Најскапиот фустан на Мерлинка

17 јуни 2016

Били Вајлдер режисерот на „Седум години верност" ни оддалеку на времето кога почнал со овој проект не помислувал дека белиот лелеав фустан на Монро ќе биде толку спектакуларен и препознатлив.
На сите ни е познат тој лелеав фустан, онаа сцена со вентилаторот, поточно звукот од подземната железница. Но, она што ќе го направи популарен овој филм е приказната која се случувала позади сцена.

На почетокот сцената била закажана да се снима надвор на станицата Транс Лукс во еден часот после полноќ на 15-ти септември 1954. Присуството на Мерлинка предизвикало огромен интерес од страна на нејзините фанови кои се појавиле вечерта на снимањето. Па така она што би требало да значи регуларно снимање се претворило во медиумски спектакл. Било неверојатно во тие околности со 5000 обожаватели околу неа кои постојано свиркале и го извикувале нејзиното име да каже барем една реплика, патем позната по тоа дека лесно заборавала текст.

Познатата фотографија каде Мерилин се смее со голи нозе предизвикало извесно засрамување од страна на нејзиниот тогашен маж Џо Димаџо. Тој го мразел фустанот, се претпоставува дека една од причините за нивниот развод била токму оваа сцена.

Се снимало околу три часа и 14 пати повторување на сцената, но сепак материјалот не можел да се употреби токму поради вревата околу. Вајлдер бил принуден да ја преснима сцената во едно од студијата на 20th Century Fox. Употребени се само нозете од првата локација, крупните кадри се студиски.

По смртта на Монро, 1962 костимографот Вилиам Травила ќе го сочува костимот покрај многу други, што исто ги дизајнирал за неа низ годините. Сите зборувале дека станува збор за "Lost Collection" кој ја поседувал овој дизајнер. После неговата смрт во 1990 колегата на Травила Бил Сарис ќе ги изложи сите костими во јавноста. Деби Рејнолдс ќе ги купи сите костими и во едно интервју со Опра Винфри ќе најави голема аукција. Белиот фустан е продаден за 5,6 милиони долари.

Објавено:
17 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
772 пати