Таа е дефинитивно една од омилените актерки на денешницата, но нејзиниот неверојатен стил е она што ја прави уште повеќе сакана.

Во моментов, прекрасната Блејк Лајвли е бремена со второто дете, а како и првиот пат, нејзиниот труднички стил е беспрекорен.

Таа е миленичка на бројни светски дизајнери почнувајќи од Кристијан Лубутан па сѐ до Мајкл Корс, па многу често можеме да ја видиме во нивни парчиња.

Деновиве таа го промовира нејзиното ново филмско остварување „The Shallows“, за кое многумина ќе кажат дека ќе биде огромен летен хит.

За промоциите таа секогаш одбира стилски дизајнерски парчиња со кои на неодолив начин го истакнува своето стомаче.

Пред неколку дена таа се појави во романтично Ели Сааб фустанче со кое прошета низ улиците на Њујорк, додека за гостувањето во шоуто на Џими Фалон одбра тесен секси фустан во темно сина боја.

Шармантната Блејк ги освои сите симпатии со внимателно одбраните комбинации и на неодамнешниот Кански филмски фестивал, каде за прв пат го покажа стомачето.

Во продолжение, погледнете ги и инспирирајте се од нејзините супер стилски комбинации.

Објавено:
22 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.400 пати